Контрацептивите го влошуваат женското здравје

1214

Едно од најчестите средства за контрацепција – апчињата за контрацепција, имаат негативен ефект врз целокупното здравје на жените.

Ова стана јасно од големата студија на шведски научници од институтот “Каролина” и Стокхолмското економско училиште.

“И покрај фактот дека 100 милиони жени во светот користат контрацептивни апчиња денес знаеме изненадувачки малку за ефектот на пилулата врз женското здравје. Научната основа е многу ограничена во однос на ефектите од контрацептивите врз квалитетот на живот и депресијата“, рече проф. Анџелика Линден Хиршберг од одделот за женско и детско здравје кон институтот ”Каролина“, цитирана од научното списание ”Сајанс дејли“.

Во рамките на истражувањето 340 здрави жени на возраст меѓу 18 и 30 години во рок од три месеци добивале или плацебо, или контрацепциска пилула која содржи етинилестрадиол и левоноргестрел – најчестите форми на апчиња за контрацепција во Шведска и голем број на други држави. За време на експериментот ниту доброволките ниту лекарскиот тим знаеле која жена каква пилула прифаќа.

На крајот на студијата станало јасно дека дамите кои земаат контрацептивни, го оценуваат квалитетот на живот како значително понизок од оние кои примале плацебо. Контрацептивите влијаеле негативно претежно на аспекти како расположението, самоконтролата и енергичноста. Од друга страна, сепак апчињата не влијаеле на заживување на симптомите на депресија.

Авторите на истражувањето предупредуваат дека бидејќи промените што се случиле по апчињата се релативно мали, податоците од нивната студија треба да бидат толкувани повнимателно. Контрацепцијата, користена при испитувањето е најпосакувана во многу земји, бидејќи се верува дека имаат најмал ризик за здравјето. Научниците сепак наведуваат дека нивната студија е валидна само за овој вид контрацепција и не гледа други видови апчиња.