Михаил Лабковский | Разликувајте ги реалните проблеми од измислените и престанете да жалите

1734

Разликувајте ја љубовта од зависноста

Луѓето никогаш нема да го напуштат она што го сакаат. На пример – пушењето. Јас пушев 37 години, а последните 10 пушев по 3 кутии дневно. Кога докторот ми кажа дека сум болен, престанав да пушам. И тоа траеше 1 час и 40 минути. Престанав да пушам дури кога разјаснив со себе си дека не ги сакам цигарите, и дека не сум зависен од нив. Невротичните луѓе не може да ги разликуваат љубовта и зависноста.

Рутината не е секогаш лоша

Јас се занимавам токму со рутина (читам и предавам) веќе 37 години и се чувствувам прекрасно. Невротичните личности не можат да живеат на мира, се плашат дека нешто нема да стигнат да направат, завршуваат и по пет факултети, секогаш се вознемирени, чувствуваат непријатност ако не прават ништо.

Менувајте се себеси, а не другите

Тоа се однесува пред сè на одгледувањето на децата. Не може да ги принудите да прават нешто, ако тоа не го правите и вие самите. Децата не го усвојуваат само она што им го кажувате, туку она што го правите самите и како се однесувате кон другите. Во овој случај многу корисен е советот кој го даваат стјуардесите – прво ставете си ја маската на себе си, а дури потоа на вашето дете.

Туѓата критика ве тера да донесете несвојствени одлуки

Сетете се на ситуацијата – вие седите во автобус, влегува стара баба. Целиот автобус луто ве гледа, а вие, колку што е можно побрзо станувате од столчето. Зошто го правите тоа, кога бабата тоа и воопшто не го побарала од вас? Причината се крие во ниското ниво на самодоверба и стравот од осудување.

Експериментирајте – пробајте да останете на местото, ако не сакате да станете, и без оглед на тоа што говорат луѓето околу вас, не реагирајте воопшто, никако. Со текот на времето ќе видите дека туѓата оценка може и да се игнорира.

Правете го само она што сакате да го правите

Класичен пример за тоа е ситуацијата кога си играте со своите деца само затоа што „така треба“ бидејќи сте добра личност, а тоа значи дека – мора да си играте со своите деца. Престанете да го правите тоа. Играјте си со нив дури тогаш кога и навистина ќе сакате да си играте, бидејќи и тие ќе почувствуваат дека вие тоа го правите поради чувство на должност, а не заинтересираност. А чувството на должност не е љубов. Занимавајте се со децата кога сакате и колку сакате, бидејќи секако имате и уште еден куп од други обврски.