Навистина ќе го подготвите многу брзо затоа што овој колач не се пече …
Потребно
- 3 чаши (од 250 мл) овесни снегулки
- 1 чаша кафеав шеќер
- 55 гр путер
- 80 мл млеко
- 80 гр какао во прав
- 1 лажиче цимет
- 2 лажици семки од сусам
Подготовка
- Во тава на рингла тостирајте го сусамот. Внимавајте да не изгори. Тргнете го на страна.
- Во подлабок сад на рингла ставете ги путерот, млекото, какаото, циметот и шеќерот и оставете ги да се варат. Промешајте да добиете хомогена смеса без грутки.
- Садот тргнете го на страна, сипете ги овесните снегулки и убаво измешајте.
- Смесата сипете ја на хартија за печење и израмнете со лажица или раце. Убаво обликувате ја смесата да биде со дебелина од 2 см.
- Со лажица земете од уште врелиот тостиран сусам и посипете над врелиот колач. Со истата лажица притиснете го сусамот во колачот.
- Кога ќе се излади колачот исечете го на коцки и послужете.



















