8 факти за луѓето со кафеави очи

2020

Вашата шареница (ирис), обоениот дел од окото околу зеницата, е единствен како и вашиот отпечаток – поради својата текстура и примероците.

Пигментот наречен меланин е одговорен за бојата на твоите очи. Различни гени ја одредуваат количината на меланинот во нашите очи.

Луѓето со кафеави очи имаат најголема количина меланин, оние со темно кафеави очи најмногу.

Кафеавите очи можат да го спречат ракот

Голема количина на меланин во кафеавите очи може да ве заштити од меланом, бидејќи кафеавте очи подобро ги блокираат штетните зраци на сонцето. Иако тоа не значи дека можете да престанете да носите очила за сонце и да ги заштитите очите, значи дека имате дополнителен слој на заштита под очилата.

Мажите со кафеави очи изгледаат подоминантни

Истражувањето спроведено во Чешка покажува дека луѓето мажите со кафеави очи ги доживуваат како подоминантни од оние со сини очи. Мажите со кафеави очи најчесто имаат коцкаста брада, погусти веѓи и пошироки очни јаболкници, што обично се поврзуваат со возрасни мажи, додека сините очи се поврзуваат со децата.

Кафеавите очи се најчеста боја на очите

Теоријата вели дека сите наши предци имале кафеави очи, бидејќи живееле во потопла клима, и била потребна поголема количина на меланин за заштита од сонцето. Како што луѓето мигрирале на места со постудена клима, потребата за високи нивоа на меланин била намалена.

Продолжува на страна 2