8 факти за луѓето со кафеави очи

1975

Времето на реакција е побрзо кај луѓето со кафеави очи

Колку повеќе меланин, вашиот мозок толку побрзо и подобро ги обработува сигналите, што може да објасни зошто сте подобри во спортот отколку оние со светли очи.

Луѓето со кафеави очи потешко можат да се прочитаат

Зениците се шират и стеснуваат кога се менува расположението. Потешко е да се види ширењето и стеснувањето на зениците кај луѓе со темно кафеави очи.

Веројатно ќе пиете помалку од вашиот пријател со сини очи

Луѓето со кафеави очи се почувствителни на дејството на алкохолот, што може да ве спречи во претерувањето.

Жените со кафеави очи не ја толерираат болката

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Питсбург покажало дека жените со кафеави очи не ги поднеле болките при породувањето исто како жените со сини очи. Исто така, истражувањето покажало повисоко ниво на анксиозност и депресија по породувањето. Научниците веруваат дека тоа е поради NCX-4 генот кој е поврзан со кафеавите очи и го контролира протеинот поврзан со рецепторите за болка.

Луѓето со кафеави очи ќе имаат помалку проблеми со слухот

Уште еднаш – мелатонин! Поголема количина на мелатонин кај луѓето со кафеави очи ги штити нервите во мозокот од оштетувања при бучава.