11 интересни факти за мажите за кои ниту тие не се свесни

2206

Има многу факти за мажите кои статистиката не нѝ ги открива.

Во просек, жените живеат подолго од мажите насекаде во светот, мажите поминуваат околу една година од животот гледајќи во жените и лажат двојно повеќе од жените. Се обидовме да утврдиме што од тие факти е лага, а што е вистина.

За вас подготвивме 11 интересни факти за мажите за кои можеби и тие не се свесни. Веруваме дека добро ќе ве изненадат.

1. Мажите сакаат жени со здрава тежина

Истражувањата покажале дека мажите најмногу сакаат слаби жени кои изгледаат здраво. Тоа значи дека тие не се обземени со некој мистичен идеал на убавина, со девојки кои изгледаат како модели и лесни како пердув, туку жени чија висина и тежина се во нормални граници.

2. Мажите се обидуваат да го привлечат вниманието на жените со држење на палците на коланот

Кога сакаат на жената да ѝ покажат дека се заинтересирани за неа, мажите несвесно заземаат поза во која изгледаат храбро и моќно. Обично ќе ги обесат палците за коланот од своите панталони.

Сличен ритуал постои уште од античко време, кога мажите сакале да го пренасочат вниманието на жените кон своето меѓуножје. Денес, таков гест би изгледал непристојно, но сѐ уште го имаме неговото ехо – нивните раце и понатаму се насочени кон меѓуножјето.

3. Мажите сакаат комплименти од другите мажи

Мажите, исто така, сакаат комплименти, но тие ги претпочитаат оние кои ги поттикнува спротивниот пол. Нивното определување нема никаква врска со ова, вакви комплименти особено ја зголемуваат нивната самодоверба.

Продолжува на страна 2