Многу жени не размислуваат за мајчинството!
Да се биде мајка е тешка и доживотна улога, а многу жени признаваат дека не се подготвени за тоа.
Денес, има сѐ повеќе разводи, затоа не е изненадување што многу жени не размислуваат за брак, но исто така, не размислуваат ниту за мајчинството.
Ви претставуваме листа од пет причини зошто жените одлучиле да немаат деца.
1. Сфаќаат дека никогаш нема да бидат подготвени за таа одговорност. Да се роди бебе значи да се биде достапен за него 24 часа на ден до крајот на животот. Се разбира, ова е фигуративна претпоставка, но факт е дека барем првите 18 години од животот на децата, целосно сте посветени на нивното одгледување и растење.
Треба да бидете со нив додека не станат возрасни луѓе, а потоа повторно за нив сте психичка, физичка и често финансиска поддршка која трае засекогаш. Тоа е голема одговорност за која ретките се подготвени, но многумина ќе признаат дека не се подготвени да се откажат од слободата која ја имаат.
“Кога слушаме дека мајчинството е најтешката работа на светот, апсолутно веруваме во тоа. Но не ја сакаме таа работа.
Тоа не е само слобода. Сакате да имате енергија, време, пари и тоа е крајот на приказната. Не сте родени со мајчински инстинкт и едноставно не сакате да имате деца. Имате внуци и тоа е доволно за вас.
2. Сакаат да се посветат на себеси. Нема ништо лошо во тоа. Жените кои сакаат да се посветат на себеси, на работа, да патуваат, да се забавуваат, излегуваат, свесни се дека детето ќе страда од таков начин на живот. Наместо да се откажат од сето она што ги радува, многу жени одлучуваат да немаат деца.
Доволно сум зрела да признаам дека не сакам да имам деца. Сакам да се спакувам кога ми одговара и да одам во било кое време таму каде што ми одговара. Сакам да патувам, да трошам пари, да работам без да се чувствувам виновно и да спијам кога сум уморна.
Продолжува на страна 2



















