Смрдливата бубачка е хербален паразит кој се храни со растителни сокови од овошје, зеленчук, градинарски и украсни растенија, поради што одгледувачите ја сметаат за штетник.
Можеби забележавте дека во последно време и оваа година ги има многу повеќе отколку порано. Влегуваат во станови и канцеларии и шират непријатна миризба.
Смрдливите бубачки, инаку, припаѓаат на редот на стеници, крвопии се, но нема да ве нападнат, а се хранат со сокови од дрвјата, овошјето и други инсекти. Тие ослободуваат секрет со исклучително непријатен мирис, кој кај повеќето луѓе предизвикува нагон за повраќање.
Не постои одредена хемикалија која би ви помогнала да се ослободите од нив долгорочно, а прашањето е дали ќе сакате да се ослободите од нив кога ќе слушнете што народните верувања кажуваат.
Смрдливата бубачка не треба да се брка од дома/куќа, бидејќи таа носи пари. Ако ја исфрлите, фрлате и пари.
Дали ова ќе ви помогне полесно да се справите од навалицата на овие здодевни инсекти?
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















