Околу 75 проценти од родителите во првите 60 минути по раѓањето на детето објавуваат негова фотографија на социјалните мрежи, покажуваат најновите истражувања.
– Најпопуларни интернет страници за објавување на првите фотографии на бебињата за 77% од родителите се Фејсбук и Инстаграм, објави Дејли мејл.
Околу 64% од 2 500 родители на деца на возраст до 5 години признаваат дека повеќе пати дневно објавуваат фотографии од своите деца на социјалните мрежи, додека 21% тоа го прават неколку пати месечно. Само 6% од родителите никогаш не ставиле ниту планираат да стават фотографии од децата на Фејсбук, затоа што не сакаат да ја нарушат приватноста на семејството.
Една од причините за поставување на фотографии од децата на интернет е таа што родителитена на тој начин им ги покажуваат на роднините и пријателите кои живеат во други држави, но и како начин на изразување на својата љубов кон нив и како идеална локација за собирање на спомени.



















