Руска техника | Седум магични зборови што елиминираат проблеми и болести!

2621

Мислите се посебен вид на информации кои можат да бидат причина за многу несакани состојби, болести, несреќи или негативни настани од било кој вид.

Кога информациите со кои располагаме, и кои си ги испраќаме себеси и на другите, се позитивни, сè е во рамнотежа и нашето здравје е оптимално. Но, ако информациите се негативни, тие може да предизвикаат голем број на непријатни ситуации и настани.

На прашањето за откривање на негативни информации, дијагнозата на здравствените и останатите последици, како и враќање на првобитната – здрава состојба, рускиот научник Геннадий Яковлевич Темников, доктор по медицински и општествени науки, психотерапевт, професор и академик посветил повеќе од триесет години работа.

Техниката која ја поучува на основниот семинар д-р Темников ја нарече Седум магични зборови. Ова се всушност шифри или кодови, кои имаат моќ во нашиот систем да иницираат одредени процеси и активности. Прецизно дефинирани информации во форма на код може да имаат добри ефекти врз нашето тело и емоционалната состојба.

Иако оваа техника се нарекува седум магични зборови, не станува збор за било каков вид магија, туку за зборови кои ќе бидат само наши, кои ние самите ќе ги измислиме и ќе ги поврземе со одредени состојби, и со чија примена, според методот на условни рефлекси, ќе активираме одредени позитивни ситуации во своето битие. Оваа техника секој може да ја совлада, а еве и како.

Прво, ние треба да се изолираме и десетина минути да поминеме во целосна тишина и мир. Откако на тој начин ќе се фокусираме на себе, треба да напишеме на хартија седум лични шифри поврзани со седум состојби кои влијаат на програмите кои ги носиме во себе.

Кодовите, односно зборовите кои ќе ги смислиме, треба да бидат само нашите сопствени, сосема нови и измислени во моментот кога ќе ѝ пристапиме на вежбата, и тие никогаш никому не треба да ги откриеме. Овие зборови треба да се состојат од три до четири букви и не треба да значат ништо, но ние ќе им дадеме одредено значење.

Продолжува на страна 2