Првиот секс | Одговорите на неговите прашања

2224

Што ги мачи тинејџерите кои за прв пат сакаат да се впуштат во водење љубов.

Што ако не ми се дигне?

Можеби ова ви звучи смешно, но она што со години се правело одлично, може да одлучи да “штрајкува“ кога за прв пат ќе се одлучите за вистински секс. Тоа е природно – нервозни сте. Земете длабок здив. Некое време правете нешто друго со рацете, устата и јазикот. Обидете се да заборавите на нервозата и вашиот пенис ќе се “разбуди“. Се работи за привремен проблем кој ќе помине.

Дали треба да ѝ кажам дека ми е прв пат?

Многу млади мажи мислат дека само затоа што тие се мажи, треба да бидат оние со повеќе искуство. Ако вам ви е прв пат, а на неа не, кажете ѝ го тоа и препуштете ѝ ја иницијативата, ако таа тоа го сака. Се работи за учење, а не само за уживање. Нека не ви е срам да ја признаете вистината. Многу жени повеќе би го прифатиле неискуството, отколку ноншалантност и благодарно ќе ви покажат како тоа “навистина се прави.”

Што ако прерано имам оргазам?

Ако премногу рано ви се случи оргазам, односно пред вие тоа да го сакате, почекајте, одморете се, кратко дремнете и почнете од почеток. Друг пат ќе бидете порелаксирани, и сите ќе можете да земете доволно време, и вие и вашата партнерка и вашиот пенис.

Дали е доволно голем, или можеби премногу голем, дали ја има вистинската форма?

За големината на пенисот мажите многу често се грижат. Просечниот пенис е малку поголем од 13 см во ерекција и тоа е повеќе од доволно за да ги досегне сите поглавни нервни центри на клиторисот и вагината, вклучувајќи ја и познатата Г-точка. Вагината може да се прошири за да се приспособи на голем пенис, или со формата се адаптира на помал пенис. Големината има многу малку врска со вашите љубовни вештини.

Друга работа за која се грижат е формата. Некои од нив се загрижени, бидејќи нивниот пенис е свиткан надолу, или кон лево и мислат дека, со оглед на фактот дека никогаш во порно филмовите не виделе мажи со пенис сличен на нивниот, нешто со нивниот пенис не е во ред. Други се загрижени за тоа дека пенисот им е наведнат надолу што може да го попречи сексот и да го направи болен, бидејќи вагината не е обликувана да прими така свиткан пенис.

Секогаш имајте на ум дека постојат милиони сексуални пози за да влезот на пенисот во вагината може да биде под различни агли, а секоја нова позиција вам и на вашата партнерка ќе ви откријат нешто ново. Постојат мислења дека кај пенисот кој е наведнат надолу е добра околност што е попогоден за орален секс отколку “нормално свитканиот пенис.”

Дали ќе бидам добар љубовник?

Тоа, се разбира, не се случува автоматски. Со вистинската партнерка, доволно време, грижа и тренинзи, имате сè што ви треба да сте добар љубовник. Првио пат навистина смее да биде малку чуден и непријатен, но тоа е, секако, почетокот на фантастичните сексуални задоволства што ќе ви го направи убав целиот живот.