Неверојатни работи кои телото ги прави за половина минута | Видео

1707

Човечкото тело е фасцинантна машинерија која секојдневно прави толку чудни работи што мозокот ви запира кога ќе разберете што всушност се случува.

Дали седите пред телевизорот и ја гледате омилената серија, а некој ве обвинува дека сте мрзливец кој не прави ништо? Во тој случај, покажете му го ова видео за да рабере што човечкото тело прави во триесет секунди.

На пример, за само половина минута, во телото се произведуваат 72 милиони црвени крвни зрнца, кои заедно со остатокот од крвта ќе направат патување од фантастични 6,5 километри низ телото.

Во тие моменти, срцето ќе отчука 36 пати, за да целата таа крв ја придвижи, ќе земете здив осум пати при тоа ослободувајќи 0,3 грама јаглерод диоксид во атмосферата.

Неверојатни 25 различни мисли ќе ви поминат низ главата, ќе отфрлите фантастични 174.000 мртви клетки на кожата, а телото ќе произведе 100 вати енергија. Дефинитивно одлична работа за само половина минута!