Секое лице барем еднаш во животот се прашало дали постои специфичен број на љубовни состанои, после кои е сосема во ред да се спие со тоа лице. Ново глобално истражување спорведено на 11 илјади луѓе и во дури 24 светски градови, најпосле донесе некои конкретни резултати, пишува хрватски Индекс
Одговорот е 3,5. Имено, истражувањето откри дека најголемиот број луѓе со нов партнер првпат спијат меѓу третата и четвртата средба.
Еве уште некои занимливи откритија:
- Десет отсто од луѓето сметаат дека е сосема нормално да се има секс на првата средба.
- Двајцата би требало да престанат да се гледаат со други луѓе после шестата средба.
- „Официјален партнер“ би требало да стане по деветата средба.
- Вкупно 53 отсто од првите состаноци завршуваат со бакнеж, а 40 отсто со втора средба.
- Секој десетти испитаник имал среба со својот шеф/шефица.
- Од испитаниците 17 отсто имале врска со најдобриот пријател/пријателка, а секој петти со поранешниот/поранешната на пријателот.
- Од испитаниците, 62 отсто откриле дека најдобри состаноци се со оние луѓе кои ги запознале преку свои пријатели.
- Потребно се само 2-3 минути да знаете дали ќе има втора средба.



















