Зимски болести | 5 видови намирници доктори за грипот и настинката

1638

Како што сите знаеме, со доаѓањето на зимската сезона, нѐ очекува сезона на настинка, треска и грип.

За да ги избегнеме овие зимски напасти потребно е да го направиме нашиот организам поотпорен. Земањето лекови не е единствен начин да се победи болеста. Постојат и други начини како да се спречи болеста.

Ако го зајакнете вашиот имунолошки систем, вашиот организам ќе им се спротивстави на зимските потешкотии.

Еве ги намирниците кои ќе ви помогнат во тоа.

1. Агруми (портокали, лимони, грејпфрут)

Витамин Ц во агрумите е клучна состојка која ќе го зајакне вашиот имунолошки систем преку стимулирање на антитела и клетки на имунолошкиот систем.

Истражувањата докажале дека портокалите содржат фитонутритиенти како што се флавоноиди и полифеноли, кои се многу корисни за нашиот организам.

Хесперидин, кој, исто така, се наоѓа во портокалите, има моќна анти- воспалителна активност и е одличен сојузник во борбата против настинката и грипот, а помага и во намалувањето на високиот крвен притисок.

Витамин Ц во портокалите е моќен антиоксиданс кој помага во борбата против слободните радикали и го подобрува имунолошкиот систем.

Витамин Ц, исто така, помага во ублажувањето на сериозни воспалителни процеси, како што се остеоартритисот, ревматоиден артритис и астма.

Лимоните се одличен извор на лимонска киселина, содржат многу флавоноиди, антиоксиданси и анти- канцерогени состојки.

Флавоноидите кои се наоѓаат во лимоните ја запираат поделбата на клетките на ракот и дејствуваат како антибиотик.

Во некои западноафрикански села лимонската киселина се земала со храна за време на епидемијата на колера, со цел да се избегне ширењето на инфекцијата.

Витаминот Ц од лимоните содржи уникатни фитонутритиенти кои се важни природни антиоксиданси. Витаминот Ц е антиоксиданс кој е растворлив во водата, така што клетките на нашето тело ги одржува здрави.

Овој витамин исто така, помага во спречувањето на воспаление, во развојот на кардиоваскуларните болести и на срцевите заболувања кај пациентите со дијабет.

Лимоните се познати и како диуретик – помогаат во ублажувањето на отоците, воспалението и едемите.

Ако страдате од инфекции на уринарниот тракт, лимоните ви се најдобри пријатели. Висок процент на киселина во урината ќе ви помогне да се ослободите од бактериите кој ја предизвика инфекцијата.

Лимоновото масло е добротвор кој ги уништува габите, помага во детоксикацијата, одличен е антисептик и делува смирувачки.

Со овој препарат се користиме во лечењето на стресот, воспалението на кожата и главата, несоницата, астмата, проблемите со желудникот и инфекциите.

Грејпфрутот исто така е богат со природен витамин Ц, кој помага да се скрати времетраењето на настинката и да се олеснат нејзините симптоми.

Редовното консумирање на храна богата со овој витамин ќе го намали ризикот од смрт предизвикан од кардиоваскуларните болести, мозочен удар и рак.

Продолжува на страна 2