Пријатели. Често ги земаме здраво за готово. Токму поради тоа што тие се тука за нас. Како воздухот. Како светлината. Често не сме свесни за огромната важност на нивното присуство во нашите животи и во исто време не можеме да замислиме каков би бил животот без нив.
Нека овој месец биде месец на пријателството. Само сетете се на пријателите од детството. Можеби некои од нив се сѐ уште со нас, а можеби некои повеќе не се. Само погледнете во предизвиците со кои моравме да се соочиме да зачуваме некои пријателства и чувство на благодарност што успеавме.
Да си дадеме шанса да се смириме и да почувствуваме убавина која ја поттикнуваат мислите на пријателите. Убавината што ни мами насмевка или која прави да ни потечат солзите.
Па тогаш кога ќе ја зајакнеме во себе убавината на пријателството, да им помогнеме на децата да ја развиваат. Да ги охрабриме децата да направат постери со слики од своите пријатели и да пишуваат веднаш до нив она што им се допаѓа кај секој од нив.
Охрабрете ги да мислат како тие можат да бидат добри пријатели со другите, како можат да го покажуваат пријателството. Читајте им книги за пријателство, поттикнете ги да пишуваат за своите пријатели. Учете ги да развијат пријателства, со што ќе го направат својот живот богат!



















