Мудри совети за животот кои добро ќе ве замислат

1828

Годините поминуваат дур да трепнеш. Не мажете се и не женете се млади.

Живејте го својот живот.

Патувајте. Занимавајте се со разни нешта. Не е важно колку пари имате. Спакувајте се и одете каде и да можете да си дозволите.

  • Најважната личност во вашиот живот е лицето, кое се согласило да го сподели својот живот со вас. Така и третирајте ја.

– Можеби ќе имате долг живот, или вашиот живот ќе биде краток – кој знае. Но, во секој случај, верувајте ми кога ви велам дека ќе сакате подобро да сте се грижеле за себе во својата младост.

  • Нештата се само нешта. Не бидете опседнати со материјални работи, почитувајте го времето и искуствата.

– Љубомората ги уништува врските. Верувајте ѝ на вашата втора половина, бидејќи на кој друг ќе му верувате?

– Луѓето секогаш велат, “Погрижете се да добиете работа каде што ќе го работите она што го сакате!” Но, тоа не е најдобриот совет. Вистинската работа е работа која ја сакате во некои денови, во другите денови ја поднесувате, а сепак ви ги плаќа сметките. Речиси никој нема работа која ја сака секој ден.

  • Ако некогаш ви е тешко да се справите со животот, само вратете се во сегашниот момент и уживајте во сѐ што е убаво и пријатно. Земете длабок здив, релаксирајте се.

– Годините поминуваат дур да трепнеш. Не се мажете или жените млади. Живејте го својот живот. Патувајте. Занимавајте се со разни нешта. Не е важно колку пари имате. Спакувајте ги куферите и одете секаде каде што можете да си дозволите. Додека никој не зависи од вас, не купувајте работи. Никакви. Видете го светот.

  • Не земајте го животот сериозно. Дури и ако работите ви се чинат темни и безнадежни, обидете се да се насмеете на тоа колку животот е откачен.

– Вистинскиот пријател ќе дојде ако го повикате и во 2 часот наутро. Сите други се само познаници.

Продолжува на страна 2