Многу жени веруваат во бабини приказни и митови за полесно зачнување

2650

Повеќе од две третини од жените веруваат дека одредени сексуални пози ја зголемуваат веројатноста за забременување, а истовремено 40 отсто не знаат во кое време им настапува овулацијата.

Иако сите идни мајки, како и тие кои сакаат да избегнат бременост, читајќи го зголемуваат своето знаење за забременување, повеќето од нив веруваат во стари приказни.

Така над 50 отсто жени сметаат дека секс повеќе пати на ден ја зголемува шансата за забременување, а третина сметаат дека одредени пози го олеснуваат забременувањето, покажа студија на американското списание „Фертилитс енд Стерилитс“, спрведена на повеќе од 1.000 жени на возраст од 18 до 40 години.

Околу 80 отсто од испитаниците се сексуално активни, но наспроти тоа покажуваат скромно знаење за сопствениот менструален циклус.

Дури 40 отсто жени не знаат во кое време кај нив настапува овулацијата, најплодниот период на циклусот.

Освен тоа, секоја петта жена не е свесна за негативното влијание на стареењето за плодноста, а 30 отсто од нив не знаат дека инфекциите од сексуално преносливите болести може да влијаат на плодноста и бременоста.

– Во време на се подостапни информации, раширеност на интернетот и подобро образование, загрижувачки е дека многу жени не ги знаат основните работи за забременувањето, изјави раководителката на студијата, др. Лубна Пал од Универзитетот Јеил.

Таа додава дека 23 отсто жени во студијата не планираат да останат бремени, но не користат никаква заштита за да го спречат тоа. Од 77 отсто од тие кои користат контрацепција, 18 отсто веруваат во презервативите, а 38 отсто во некои форми на хормонална контрацепција.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.