Во повеќето случаи, изборот на погрешен маж е намерен, бидејќи жената е убедена дека ќе може да го промени
Среќа во љубовта не е толку лесно да се пронајде, а една од главните причини е изборот на погрешниот партнер. Психијатрите веруваат дека многу луѓе не можат да се ослободат од минатото и разочарувањата со кои се соочиле, па затоа избираат партнери, за кои се уверени дека ќе бидат сигурни и нема да ги напуштат, но по некое време недостатокот на љубов сепак е над сѐ друго и врската се распаѓа.
Тоа е само еден од можните погрешни избори, а вториот најчест се проблематичните мажи кои жените секогаш ги избираат свесно. Поточно, такви мажи се магнетно привлечни, а баш секоја смета дека во себе има нешто што ќе биде доволно за да се тој маж промени.
Се разбира, не треба посебно да се истакне колку ретко тоа се случува и колку често токму ваквиот избор завршува со солзи и болна разделба. Но, таквите жени обично ја повторуваат грешката верувајќи дека сега имаат повеќе искуство.
Последниот погрешен избор е резултат на намалувањето на критериуми на кои некои жени им пристапуваат во стравот од осаменоста или поради тоа што мислат дека е крајно време да се омажат.
Поради недостаток на самодоверба некритички избираат погрешен партнер и потоа го поминуваат животот понезадоволни, критикувајќи го партнерот кој е таков каков што е. Се разбира, постои и обратен случај, кога бараат принц на бел коњ, кои на крајот се покажува полош од било кој друг избор.
Затоа, девојки, главата горе, градите надвор и посамоуверено побарајте ја вистинската личност, бидејќи токму таква и заслужувате.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















