Трудна. Јас сум бремена, тоа е јасно како ден.
Две сини линии, се загледаа во мене од малиот тест за бременост кој туку што го купив. Моето срце тропаше, чувствував вртоглавица. Стомакот ме заболе, бев нервозна, возбудена, исплашена и пресреќна во исто време.
Една линија – Не сум бремена
Две линии = Бремена сум
Да, дефинитивно сум бремена.
Ова навистина се случува! По една година фантазирање, подготвување … конечно треба да станам мајка.
Ова се 10 работи кои вашата мајка никогаш не ви ги кажала
Многу пати ја имаше расплакано
Таа плачеше кога дозна дека е бремена. Таа плачеше кога те роди. Плачеше кога првпат те држеше. Таа плачеше од среќа, како и од страв. Плачеше од грижи. Таа ја чувствуваше твојата болка и среќа, и ги делеше со тебе, иако тоа можеби не го разбираше.
Го сакаше последното парче од колачот
Но, кога виде како ја гледаш со своите големи очи не можеше да јаде. Таа знаеше дека ќе биде многу посреќна ако последното парче од колачот заврши во твојот стомак.
Тоа болеше …
Болеше кога ја влечеше за косата, гребеше со острите нокти кои невозможно беше да се скратат, болеше кога те доеше. Болеше кога удираше во стомакот, трпеше ужасни болки кога доаѓаше на светот.
Секогаш се плашеше
Од првиот момент, таа правеше сѐ што е во нејзина моќ да те заштити. Таа стана мајка мечка. Таа на девојчето од соседството сакаше да каже “не” кога сакаше малку да те земе во раце, поради тоа што во никој не беше сигурна. Нејзиното срце скокаше со твоите први чекори. Таа остануваше будна за да биде сигурна дека се врати дома, а се будеше рано да те испрати на училиште.
Продолжува на страна 2



















