Поради бактериите кои се акумулираат во неа по секое перење потребно е неколку пати во годината да ја исчистиме машината за перење – вратата, гумата, барабанот, садот за прашок и филтерот.
Ако не се чистат редовно, поради вишокот на вода која се задржува во гумата на вратата, може да се појави мувла, каменец и многу непријатен мирис. За да се решите од оваа непријатна појава, направете го следново.
Ќе биде потребно
- течно средство за чистење (по можност со содржина на хлор)
- сунѓер (кој нема да ви биде жал да го фрлите)
- ракавици
- 25 грама лимонтус
Постапка
- Првиот чекор во борбата со мувлата ќе биде обично бришење со хартиено марамче на внатрешноста на машината за перење, за да ја решите акумулираната нечистотија.
- Потоа, нанесете било кое средството за чистење (со содржина на хлор) на гумата, по целата површина, рамномерно распоредувајќи го средството.
- Затворете ја вратата и оставете ја машината така 2 часа.
- По истекот на ова времето, вклучете ја машината во режимот “плакнење” за да го исплакнете средството за чистење.
- Потоа во одделот за прашок сипете го лимунтусот, и вклучете ја машината на највисока температура.
Продолжува на страна 2 ⇓



















