Биолошките методи им даваат на научниците увид во животот на обичните луѓе.
Без разлика колку археолозите и египтолозите ја истражуваат историјата на древниот Египет, тие сепак прават откритија што менуваат сè што мислевме дека знаеме за историјата и животот во древниот Египет.
Така, ДНК тестот на коските на човек кој живеел пред 4.500 години во долината на Нил открил дека потекнува од друга голема цивилизација од тоа време, Месопотамија, која била оддалечена 1.500 километри.
Коските на човек кој починал пред 4.500 до 4.800 години, имал околу 60 години во времето на неговата смрт и работел како грнчар за време на неговиот живот, се анализирани во Ливерпул а покажаа дека овие две древни цивилизации одржувале некаков вид на врска.
Ако добиеме повеќе информации за ДНК и ги споредиме со она што го знаеме од археолошките, културните и пишаните информации што ги имаме од тоа време, ќе биде многу возбудливо, изјави за BBC News професорот Pontus Skoglund од Институтот Francis Crick во Лондон.
Како што истакнува тој, биолошките методи им овозможуваат на научниците да добијат увид во животот на обичните луѓе, за разлика од археолошките методи, кои почесто ги проучуваат најбогатите и најмоќните слоеви на општеството.
Имено, археолошките докази покажуваат дека Египет и Месопотамија можеби биле во контакт пред 10.000 години, кога биле евидентирани почетоците на земјоделското општество. Досега, научниците верувале дека развојот на општеството во Месопотамија можел да влијае на слични настани во Египет (на пример, развојот на пишувањето, културата, религијата…), но немало директни докази за контакт.
Оваа ДНК е доказ дека овие две цивилизации биле во контакт и разменувале идеи, а идните примероци би можеле да откријат и кога точно бил остварен првиот контакт, веруваат научниците.
Извор: BBC News



















