Простата и ејакулација | Откриено е како честата ејакулација влијае на развојот на ракот на простата

1281

Ракот на простата е втор најчест рак кај мажите (по ракот на белите дробови) и петта водечка причина за смртност во светот.

Ракот на простата може да биде асимптоматски во раните фази и често има благ тек што може да бара само активно следење на болеста. Сепак, некои можат да бидат агресивни.

Во 2018 година во светот се регистрирани 1.276.106 нови случаи на рак на простата, со повисока инциденца во развиените земји.

Инциденцата и смртноста од рак на простата се силно поврзани со возраста. Најголема фреквенција е кај постарите мажи (на возраст од 65 и повеќе години). Сè уште нема докази за тоа како да се спречи ракот на простата, но можно е да се намали ризикот со ограничување на храната богата со маснотии, зголемување на внесот на зеленчук и овошје и водење поактивен животен стил.

Бидејќи простатата е сполна жлезда која произведува течност од ејакулација, истражувачите долго време се прашувале дали простатата и ејакулацијата имаат подлабока врска, односно дали сексуалните фактори влијаат на ризикот од рак на простата. Студија од Harvard носи интересни вести за сексуално активните мажи.

Простатата и ејакулацијата се повеќе зависни една од друга отколку што се мислело

Голема последователна студија на здравствените работници собрала информации за група волонтери од 1986 година. Сите мажи биле здравствени работници – стоматолози, фармацевти, ветеринари, оптичари и офталмолози. 29.342 мажи на возраст од 46 до 81 година дале информации за нивниот просечен број на ејакулации месечно во младата зрелост (возраст од 20-29), средна возраст (возраст 40-49) и во последната година.

Ејакулациите вклучувале сексуален однос, ноќни ејакулации и мастурбација. Волонтерите даваа сеопфатни податоци за здравјето и начинот на живот на секои две години до крајот на студијата во 2000 година.

Научниците откриле дека поголема фреквенција на ејакулација е поврзана со намален ризик од рак на простата. Во споредба со мажите кои пријавиле 4-7 ејакулации месечно во текот на нивниот живот, мажите кои ејакулирале 21 или повеќе пати месечно имале 31% помал ризик од рак на простата.

Австралиско истражување спроведено на 2.338 мажи го испитувало влијанието на сексуалните фактори врз појавата на рак на простата пред 70-годишна возраст. Како и студијата на Харвард, австралиската студија ги опфатила сите ејакулации, а не само сексуалниот однос.

Австралијците кои почесто ејакулирале имале намален ризик од рак на простата. Ефектот бил најсилен за фреквенцијата на ејакулација во младата зрелост, иако ракот на простата не бил дијагностициран дури многу децении подоцна. Севкупно, мажите кои во просек имале 4,6-7 ејакулации неделно имале 36% помали шанси да бидат дијагностицирани со рак на простата пред 70-та година од мажите кои во просек имале помалку од 2,3 ејакулации неделно.

Останува уште нешто да се дознае

Иако овие две студии покажуваат високо ниво на докази дека почестата ејакулација има заштитен ефект против ракот на простата и дека простатата и ејакулацијата навистина имаат подлабока поврзаност, останува да се истражи која е точно возраста на која заштитната улога на ејакулацијата започнува со оглед на тоа дека ракот се дијагностицира кај постари мажи, а простатата интензивно се развива за време на пубертетот.

Исто така, треба да се додаде дека заштитниот ефект на ејакулацијата бил поврзан со помалку агресивните карциноми во претходните фази, додека ејакулацијата не штитела од поагресивните карциноми на простата.