Истрагата покажала дека само неколкумина ја добиле предупредувачката порака таа кобна ноќ.
Кога силен земјотрес ја погоди јужна и централна Турција и северна и западна Сирија во раните утрински часови на 6 февруари 2023 година, повеќето луѓе спиеле.
Токму поради тоа дека биле во своите кревети кога почнале да се уриваат зградите во Турција, животот го загубиле повеќе од 50 илјади луѓе. Земјотресите од 7,8 и 7,7 степени биле толку силни што биле снимени со чувствителни сеизмографски уреди на другиот крај на светот.
Но, дали може да се намали бројот на загинати со само една порака?
Тоа е токму она што истражувачите на BBC кои отпатувале во Турција за да проверат дали системот за рано предупредување на земјотреси на Google, кој може да им даде на луѓето клучни секунди да излезат од зградите, воопшто функционира.
Истрагата покажала дека само неколкумина ја добиле предупредувачката порака таа кобна ноќ. Имено, тимот на BBC ги посетил трите најголеми градови во зоната на земјотресот и разговарал со стотици луѓе, но ниту еден од нив не добил никакво предупредување за првиот, најразорниот земјотрес. Она што ги изненадило е тоа што неколкумина навистина добиле предупредување пред вториот разорен земјотрес што се случил неколку часа подоцна.
Да потсетиме, Googleуште во 2020 година објави дека телефоните кои користат оперативни системи Android ќе функционираат како мали сеизмометри и ќе детектираат потреси на земјата. Така, тие треба да станат најголемата светска мрежа за откривање земјотреси, која ќе предупредува на земјотреси посилни од 4,5 степени.
И додека жителите на Турција тврдат дека нивните мобилни телефони биле исто толку длабоко заспани како и кога почнал земјотресот, Google тврди дека пораката била испратена.
Пораката треба да биде видлива на сите уреди кои користат Android кои се вклучени и поврзани на Интернет во тој момент.
Менаџерот за производи на Google задолжен за предупредувања за земјотреси, Micah Berman, посочува како функционирал системот.
Убедени сме дека системот го детектирал земјотресот и испратил предупредување, но BBC не добил докази за тоа. Дури и кога ги прегледувале објавите на социјалните мрежи, каде луѓето обично се „фалат“ со пораките што ги добивале, можеле да најдат само неколку објави кои најмногу се однесувале на предупредувањето за вториот земјотрес.
За време на разорен земјотрес, голем број фактори можат да влијаат на тоа дали корисниците добиваат, забележуваат или дејствуваат на дополнително предупредување – вклучувајќи ги специфичните карактеристики на земјотресот и достапноста на интернет конекција, рече Berman по разговорот за BBC.
Системот за предупредување за земјотреси на Google можеби испратил предупредување, но очигледно не стигнал навреме до жителите на јужна и централна Турција. Ако телефоните почнале да ѕвонат во 4 часот наутро, неколку секунди пред земјотресот, можеби би се спасил некој живот. На овој начин, не можеме да знаеме колку е ефективен системот на Google, и дали воопшто. Барем до следната катастрофа.



















