Имате сало на стомакот ? ВЕДНАШ проверете го вашиот витамин Д во крвта !

1371

Докажано е дека поради недостаток на витамин Д имунитетот слабее, а се зголемува ризикот од воспалителни процеси, корона, остеопороза, срцеви заболувања, дијабетес и рак. Дебелите луѓе се изложени на најголем ризик.

Денес дефинитивно знаеме дека луѓето со поголем обем на половината се изложени на поголем ризик од недостаток на витамин Д, вели д-р Рашида Рефик, шеф на тим холандски научници кои откриле дека вкупните маснотии, поткожното масно ткиво во стомакот (масти под кожата), масти околу органите и замастен црн дроб поврзани се со ниски нивоа на витамин Д во крвта. Истражувањето опфатило илјадници мажи и жени на возраст од 45 до 65 години.

Во исто време, ситуацијата се разликува во зависност од полот. Кај жените, ниските нивоа на витамин Д се поврзани и со вкупните масти во крвта и со стомачните масти, додека кај мажите, пониските нивоа на витамин Д се поврзани со замастен црн дроб и стомачни масти.

Д-р Рашида Рефик вели дека следната задача на нејзиниот тим е да утврди дали недостатокот на витамин Д предизвикува складирање на маснотии во пределот на стомакот или дали зголеменото стомачно масно ткиво ја намалува апсорпцијата на витаминот Д.

Недостатокот на витамин Д е опасен по здравјето

Пандемијата на корона вирусот го привлече вниманието на јавноста кон витаминот Д повеќе од кога било досега, бидејќи тој е во голема мера одговорен за зајакнување на имунитетот. Неодамнешните истражувања откриваат дека оптималното ниво на витамин Д, покрај зајакнувањето на одбранбените способности на телото, го намалува ризикот од воспалителни процеси, срцеви заболувања, дијабетес и рак.

Недостатокот на витамин Д, пак, е поврзан со развој на остеопороза и дегенеративни заболувања на коските, инфекции на респираторниот тракт, како и со појава на автоимуни болести и хронични болки. Влијае и на појавата на депресивно расположение, па дури може да доведе до некои ментални болести. Дебелината, како и недостатокот на витамин Д, е исто така фактор на ризик за појава и влошување на сите споменати болести. Затоа многу е важно да ги држите под контрола телесната тежина и маснотиите во крвта.

Секој седми човек страда од недостаток на витамин Д

Сепак, податоците од најновото истражување се поразителни, кои покажуваат дека повеќе од една милијарда луѓе во светот (секој седми човек) страдаат од недостаток на витамин Д.

– Скоро секој има недостаток на витамин Д во крвта и речиси сите се изненадени кога ќе дознаат за тоа – изјави д-р Ален Кристенсен од Универзитетот во Аризона, кој со својот тим ги истражувал причините и последиците од недостаток на витамин Д кај човекот.

Иако е така, до неодамна не беше познато дека дебелината игра важна улога во таков исход.

Колку витамин Д ни треба дневно?

Секој од нас различно го апсорбира витаминот Д, што е причина за тоа што некои луѓе го немаат доволно во организмот иако ја земаат препорачаната дневна доза. Според стручните совети, треба да имаме 40-80 ng/ml во крвта за да го намалиме ризикот од болестите што ги споменавме, но луѓето во просек имаат 30 ng/ml, што е ниско ниво и показател за недостаток на витамин Д.

Горната граница за внесување на витамин Д во форма на додаток е од 1.000 до 1.500 IU дневно за доенчиња, а од 2.500 до 3.000 IU за деца на возраст од 1-8 години. На повеќето возрасни лица им требаат 5.000 IU дневно за да имаат 50 ng/ml ниво на витамин Д во крвта.

Витаминот Д се зема со мали порции храна

Доколку земаме витамин Д3 како додаток, тоа треба да се прави во доволни дози со храна. Истражувањата покажаа дека храната ни помага да го апсорбираме витаминот Д3, а најдобро е да се зема со мали порции јаткасти плодови, месо, масна риба или путер.

Во исто време, нивото од 150 ng/ml витамин Д во крвта се смета за токсично, но ако имате малку над 80 ng/ml, што е горниот препорачан праг, нема да му наштетите на вашиот организам.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.