На Марс пред 400.000 години можеби паѓал снег | Видео

864

Гледајќи ги фотографиите од песочните дини на Марс, кинеските научници забележале траги кои укажуваат дека тие се формирани од вода, која можеби пристигнала таму во минатото во форма на снег.

Според фотографиите направени од кинескиот Марс ровер Zhurong, се чини дека Црвената планета имала течна вода на својата површина уште пред 400.000 години, која веројатно започнала како снег кој се стопил и помогнал песочните дини да се претворат во тврда, испукана кора.

Многу докази сугерираат дека Марс имал огромни наслаги на течна вода во одреден момент во неговото далечно минато, но не е јасно колку долго таа вода опстојувала.

Xiaoguang Qin од Кинеската академија на науките во Пекинг и неговите колеги пронашле пукнатини, кори и купчиња честички на врвот на песочни дини во марсовската рамнина Utopia Planitia, што може да се објасни само со присуството на течна вода пред помеѓу 400.000 и 1,4 милиони.

Песочните дини се помодерна форма на терен. Овие кори на површината на дините ги закотвиле песочните дини и спречиле нивно движење, објаснува Qin.

Површината на Марс снимена од камерата на кинескиот ровер Zhurong.

Присуството на одредени соли во песокот ги навело кинеските научници да веруваат дека водата првично паднала на песочните дини како снег или мраз, кои подоцна се стопиле и се мешале со песокот за да формираат хидрирани минерали. Овие минерали потоа се здружиле и, откако водата испарила, се зацементирала на своето место и формирале напукната кора што ја има видено камерата на роверот Zhurong.

Механизмот предложен од кинеските научници за пукнатини создадени од цемент на база на вода е веродостоен, вели независниот експерт Matt Balme од Отворениот универзитет во Велика Британија. Balme сепак додава дека се уште постои можност овие пукнатини да се формирани преку некој друг геолошки механизам на Марс, за кој научниците на Земјата се уште не се свесни.

Baalme мисли дека со оглед на тоа колку песочни дини се видени на други мисии на Марс, можеби е вредно повторно да се разгледаат тие слики за да се види дали таму може да се најдат слични карактеристики на песочни дини.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Bonus video