Австралиски старт-ап прави ќофтиња од мамут за да го покаже потенцијалот на месото одгледано во лабораторија

1123
Основачот на австралиската компанија за одгледување месо Vow, Tim Noakesmith, го покажува мамутското ќофте на неговата компанија. Фото: Reuters

Топчето, кое има арома на месо од крокодил, моментално не е за консумирање.

Огромно ќофте направено од месо одгледувано со помош на ДНК на изумрен волнен мамут е претставено оваа недела во научниот музеј Nemo во Холандија.

Ќофтето е направено од австралиската компанија за одгледување месо Vow, која – ветувајќи дека не е првоаприлска шега – рече дека сака да ги натера луѓето да зборуваат за месото одгледано во лабораторија како поодржлива алтернатива на вистинското месо.

Сакавме да создадеме нешто што е сосема различно од се што може да се добие сега, изјави за Reuters основачот на Vow, Tim Noakesmith, додавајќи дека дополнителна причина за изборот на мамут е тоа што научниците веруваат дека истребувањето на животното е предизвикано од климатските промени.

Ќофтињата се направени од клетки од овци во кои бил вметнат уникатен ген од мамут наречен Myoglobin.

Кога станува збор за месото, Myoglobin е одговорен за мирисот, бојата и вкусот, објасни James Ryall, главен научен директор во Vow.

Бидејќи мамутската ДНК секвенца добиена од Vow имала неколку празнини, била вметната ДНК на африкански слон за да се дополни.

Слично како филмот Jurassic Park, рече Ryall, истакнувајќи дека најголемата разлика е што тие не создале вистински животни.

Додека создавањето на месо одгледано во лабораторија обично значи користење на крвта на мртво теле, Vow користел алтернатива, што значи дека нема убиени животни при правењето на ќофтето од мамут.

Ќофте направено од месо култивирано со помош на ДНК на изумрен волнен мамут беше претставено во NEMO Science Museum in Amsterdam, Холандија на 28 март 2023 година. Фото: Reuters

Ќофтето, кое има арома на месо од крокодил, моментално не е за консумирање.

Неговиот протеин е стар буквално 4000 години. Не сме го виделе долго време. Тоа значи дека сакаме да го подложиме на ригорозни тестирања, нешто што би го направиле со секој производ што го носиме на пазарот, рече Tim Noakesmith.

Vow се надева дека ќе го стави месото одгледано во лабораторија на картата на Европската унија, пазар каде таквото месо како храна сè уште не е регулирано.