7 причини зошто е добро да останете сингл

318

Не треба да го поминувате животот во барање на партнер. Партнерот можеби не е тоа што ви недостига во животот. Понекогаш треба да работите на себе пред да започнете со потрага по партнер.

Еве неколку знаци поради кои треба да останете сингл:

1. Не сте научиле да се сакате себеси

Не треба да бидете во врска со некој друг додека не научите да се сакате себеси. Ако сте несигурни, постои можност без реален аргумент да го обвинувате вашиот партнер дека ве мами или лаже, бидејќи не сте сигурни зошто токму вас ве одбра за партнер од сите луѓе на светот. Доколку научите да се сакате себеси, тоа ќе ви помогне да избегнете непотребни драми.

2. Имате премногу работа на која треба да се фокусирате

Ако сте редовен студент и работите полно работно време, им помагате на своите родители, се грижите за вашите браќа и сестри, веројатно не е идеално време за врска. Ако веќе имате премногу обврски, партнерот може да предизвика само повеќе стрес.

3. Сè уште сте вљубени во бившиот партнер

Ако сè уште имате чувства кон бившиот партнер не треба да започнете нова врска. Тоа не е фер кон нив, а не е фер ниту кон вас. Прво треба да го решите вашето минато, а потоа да ја започнете вашата иднина.

Продолжува на страна 2