Волшебните совети на баба Ванѓа

1681

Баба Ванѓа, Вангелија Пандева Димитрова, која е родена во Струмица во 1911 година, ослепела во несреќа кога имала 12 години и после тоа станала видовите.

Таа била позната по предвидувањата на светските катастрофи што се оствариле. Станала светски позната дури по смртта поради исполнувања на пророштвата за нападот на Светскиот трговски центар во 2001 година.

Волшебните совети на баба Ванѓа ќе ви обезбедат долг и здрав живот.

Во лето треба повеќе да печашите и тоа без обувки – допирот со земјата е многу важен.

Треба почесто да се капете во вода во која се додадени лековити билки. Така непосредно преку кожата најдобро се внесуваат лековити состојки.

Еднаш неделно јадете варена пченица.

Течната храна (супи, чорби) со што повеќе вода и природни состојки е најдобра.

Млечните производи се посебно важни.

Не треба да внесувате премногу храна. Ако организмот бил создаден за тоа, би имале два стомака, а не еден.

Ржта е многу значајна во здравата исхрана.

Што помалку месо и маснотии.

Може да се напиете една до две чашки ракија дневно пред јадењето поради дезинфекција и подобра циркулација.

Намалете ја консумацијата на шеќер на минимум.

Доколку сте во можност, работете ја работата што ја сакате.