7 причини зошто е добро да останете сингл

1479

4. Не сте пронашле некој со кој навистина сакате да бидете

Не би требало да излегувате на состаноци со некој само за да можете да кажете дека имате дечко∕девојка. Доколку никој не ве интересира, не треба да бидете во врска.

5. Попрво би спиеле дома

Ако не сте заинтересирани за моногамна врска, не влегувајте во неа. Можете да ги лажете вашите партнери и да се преправате дека ќе им бидете лојални, но зошто би го правеле тоа? Ако само сакате да спиете дома и да не се оптоварувате со никој, тоа е во ред. Само бидете искрени со луѓето и кажете им како се чувствувате уште од самиот почеток. Не ги залажувајте.

6. Не сакате да вложувате напори

Ако не сте подготвени да го задоволите партнерот, да излегувате со него на романтични состаноци секој викенд, и да вложувате напори во врската, не треба да бидете во врска. Не е лесно да се биде нечиј партнер. Тоа бара многу напор. Ако во моментов не сте подготвени да направите сé што треба за да го одржите односот, тогаш треба да останете сингл.

7. Забавно е да се биде сингл

Животот на сингл лица не е толку лош, како што сите го прават да биде. Кога сте сингл имате слобода да го правите она што го сакате, секој викенд. Имате многу време за вашите пријатели, роднини, хобија… Можете да флертувате со секоја личност со која ќе сакате. Доколку уживате во својата слобода, нема потреба да брзате да влезете во врска. Уживајте во вашиот сингл статус додека трае.