-
Зошто? Затоа што јас така велам!
Ова е веројатно уште една работа која упорно ја зборувате иако е полесно да ја избегнете. Треба да го поттикнете детето да праша зошто, а може едноставно да му одговорите: “Затоа што сакам да бидеш здрав и безбеден.”
Зошто на детето не би му одговориле? Важно е детето да постави прашање, дури и на авторитетот. Тоа не значи дека не го почитува или омаловажува, но ќе биде помалку вознемирено ако ги разбере причините на некое правило или забрана.
-
Непослушен си!
Лошото однесување не е исто што и лоша личност. Затоа укажете на она што лошо направило, а не на карактерот.
-
Не плачи!
Сите плачат, вклучувајќи ги и момчињата. Не сакате да помислите дека е погрешно да се биде ранлив или да покажете емоции. Тоа е едноставно човечки.
-
Престани да се однесуваш како девојка. Биди машко!
Joe Ehrmann, еден од највлијателните спортски едукатори во САД, вели дека најлошите зборови кои можете да му ги упатите на некое момче се: “Биди машко!”
“Биди машко” не значи да не се покажуваат емоциите, исто како што ниту “биди дама” не значи дека девојката мора да биде кротка, покорна и понизна. На децата треба да им се зборува да бидат она што се.
-
Побрзај!
Ако му зборувате постојано на малото дете да побрза, веројатно веќе сте се претвориле во личност која постојано врши притисок врз тоа мало суштество кое само сака да ужива во животот.
Дајте му да се довлекае до автомобилот. Дајте му по пат да запира и да скине цвеќе. Дајте му да дише малку воздух и да го почувствува животот. Зошто сте секогаш во брзање? Причината веројатно лежи во фактот дека имате проблем со организацијата.
Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ


















