7 навидум безопасни реченици кои треба да престанете да им ги зборувате на децата

1470

За сите ридители, а и за оние кои сакаат да бидат!

Кој понекогаш нема да пожали заради зборовите кои му ги кажа на своето дете? Сигурно се случувало дека зборовите од вашата уста доаѓаат, како резултат на стрес, летаргија или замор. Или зборувате нешто затоа што тоа ви го зборувале вам додека сте биле дете и не размислувате за вистинската порака која ја праќате.

Но, можеби би требало да размислите за пораките кои ги испраќате.

Никој не вели дека треба да бидете совршен родител, такво нешто не постои, но можете да вложите малку труд и да размислите какви пораки им ги испраќате на своите деца.

  1. Ти си толку паметен /убав/ симпатичен

За ова веројатно сите сме виновни, но според бројните истражувања, подобро е да го пофалите трудот на детето наместо да давате изјави како: “Ти си толку …” Ви се чини дека така ја градите нивната самодоверба, но всушност вградувате страв од неуспех. Ако не успеам да го решам тестот, дали ќе престанам да бидам паметен? Ако престанат да мислат дека сум паметен, дали и понатаму ќе ме сакаат?

Ова е особено важно кога станува збор за изгледот на детето – ти си толку убав /симпатичен/ згоден! Кога на детето тоа постојано му го велат, не само родителите, туку и пријателите, па дури и странците, дали тоа е здраво? Сосема сигурно треба да се пофали нивниот изглед, но каде е границата? Кога ќе почнат таквите изјави да ги разбираат како дел од својот идентитет? А псевдоидентитетот стекнат во детството подоцна е тешко да се исфрли од главата.

  1. Ти си најдобар …

Тоа е уште една етикета која ја лепиме на нивниот идентитет, најдобри се во нешто уште од рана возраст.

Дали е детето навистина добро во некоја активност? Веројатно е. Дали тоа е најдобро? Веројатно не. Но, ако тоа постојано му го повторувате, веројатно така ќе мисли.

Продолжува на страна 2