Навиките се клучни – ќе ви кажат сите успешни, остварени и богати луѓе.
Сочувството треба да се замени со преземање конкретни чекори, а да се внимава на навиките бидејќи со текот на времето се претвораат во начин на живот.
Постои причина зошто богатите луѓе се богати. Тие не прават сè друго што го прават оние кои ја немаат таа „среќа“.
1. Додека сиромашните гледаат телевизија и Netflix, богатите читаат книги
Ако долго време не сте посегнале по добро читање, тогаш сега е време. Имено, успешните и богати луѓе ќе посегнат по книга наместо да вклучат серија или филм на ТВ или Netflix.
Запомнете, во книгите има знаење кое никогаш не можете да го добиете со гледање телевизија.
2. Сиромашните се платени по час, богатите по учинок
Денот трае 24 часа. Ако имате стандардна работа од 9 до 17 часот, веќе сте донекаде „во загуба“. Урбаната легенда вели дека богатите заработуваат додека спијат.
3. Сиромашните штедат, богатите инвестираат
Ако заштедите 1000 евра месечно, на крајот на месецот ќе ги имате истите 1000 евра. Но, од друга страна, ако ги вложите тие 1000 евра во нешто, може да ви се вратат повеќекратно.
4. Сиромашните ги обвинуваат другите, богатите преземаат иницијатива
И додека сиромашните луѓе ги обвинуваат другите дека се сиромашни, богатите нема да поминат ниту еден момент во сожалување, туку истото време ќе го поминат развивајќи нови идеи, планови и конкретни акции.
5. Сиромашните луѓе сакаат да се збогатат преку ноќ, а богатите сфаќаат дека доследноста е клучна
Најдобар пример за ова е лотаријата. Многу луѓе мислат дека е можно да се збогатат преку ноќ, додека повеќето од богатите знаат дека тоа е невозможно и неодржливо. Додека сиромашните веруваат дека ќе имаат среќа, богатите и успешните луѓе се свесни дека можат да си веруваат само себеси.



















