5 начини да го користите витаминот Е против брчки

1490

Маска со витамин Е и кокосово масло

Кокосовото масло е добар крем. Богато е со антиоксиданси, ја смирува кожата и ја прави мазна и еластична.

Што ќе ви биде потребно за да ја приготвите оваа маска? Во сад се комбинираат 3 капсули витамин Е со 1 лажица кокосово масло. За да си направите не само разубавување, но и релаксирачка терапија, по желба може да додадете и 2-3 капки масло од лаванда.

Таа, исто така делува поволно врз кожата. Маската се нанесува со лесни кружни движења на исчистена кожа. По 20 минути може да исплакнете со млака вода.

Маска со витамин E и Розова вода

Розовата вода е еден од препорачаните производи за секојдневна употреба, бидејќи ја смирува кожата, ја намалува надуеноста, го забавува стареењето на кожата и хидрира. Во сад се комбинираат:

  • 1 капсула витамин Е
  • ½ лажичка куркума
  • ½ лажичка мед
  • Розова вода , колку да се добие мазна, но не премногу течна смеса
  • Нанесете ја маската на исчистена кожа и по 15 минути може да исплакнете со млака вода.

Витамин E и маслиново масло

Маслиновото масло навлажнува и ја потхранува кожата, ја прави еластична, мека и ја забавува појавата на брчки. За да ја приготвите оваа маска ќе ви бидат неопходни 1 капсула витамин Е и лажичка маслиново масло. Маската треба да дејствува врз кожата 5 минути. Потоа се плакне со млака вода.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.