30 работи кои треба да ги направите пред да наполните 30 години

1473

Правете повеќе работи кои ве плашат

„Зборувајте со странци, држете јавни говори или посетувајте курс. Учењето како да се чувствувате пријатно во непријатни ситуации ќе ја подобри вашата иднина.“ – Ентони Колети

Ризикувајте сега, не подоцна

„Ништо не мотивира повеќе од немањето друг избор освен победа. Ништо не мотивира помалку од удобноста.“ – Даг Фивер

Волонтирајте од причина која ја сакате

„Не само што ќе стекнете искуство, туку исто така ќе го отворите вашиот ум и срце.“ – Џесика Брионес

Отпатувајте во држава од вашата листа на желби

„По можност во држави во развој, бидејќи овие делови од светот се менуваат најбрзо.“ – Гарт Сем

Практикувајте утринска медитација или практики за концентрација

„Животот секогаш носи предизвици. Затоа, започнувањето со 20-минутен мир секој ден, ќе ви помогне да бидете помудри во останатот дел од денот.“ – Мими Б. Мартиноски

Медитирајте

„Медитацијата повеќе не е само за оние кои практикуваат јога или се духовно просветлени. Голем број светски лидери секојдневно медитираат.“ – Ентони Колети

Продолжува на страна 6