3 НАЈГОЛЕМИ земјотреси во историјата

2712

Разорниот земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мексико во понеделникот предизвика огромни штети и однесе најмалку два животи.

Сепак, тој е далеку од најмоќните земјотреси што некогаш биле регистрирани.

Во последните неколку дена силни и разорни земјотреси ги погодија земјите од спротивните страни на планетата. Неделниот земјотрес во Тајван предизвика огромни инфраструктурни штети и отсече многу луѓе од останатото општество, а земјотресот во Мексико во понеделникот досега однесе два животи, а исто така предизвика и огромни штети.

Тајванскиот земјотрес бил со јачина од 6,8 степени, додека мексиканскиот 7,6 степени според Рихтеровата скала. И двата земјотреси се разорни и многу силни, но според нивната јачина не се доближија до најразорните досега. Во пресрет на уништувањето предизвикано од тресењето на земјата, да се потсетивме на најмоќните земјотреси забележани во историјата на човештвото.

Суматра, 2004 година – магнитуда 9.1

Последица од земјотресот на Суматра 2004.

Земјотресот што ја погоди Индонезија во 2004 година е најразорниот и најсмртоносниот земјотрес во 21 век. Нивото на уништување што го предизвика е речиси неразбирливо бидејќи повеќе од 220 илјади луѓе ги загубија животите по ударот.

Повеќе од 1,7 милиони луѓе во 14 различни земји беа принудени да ги напуштат своите домови поради цунамито што се случи по овој земјотрес. Загубите беа толку огромни бидејќи земјите како Индија, Шри Ланка, Тајланд и Индонезија не беа подготвени за ударот на цунамито.

Последиците беа страшни. Тогашниот координатор за медиуми на УНИЦЕФ, Гордон Вајс, беше сведок на апокалиптичните сцени кои погодија неколку милиони луѓе. Тој ги опиша во шокантен извештај.

„Едно момче се држи за дрвен сплав. Луѓето го гледаат од мостот горе; го гледаат неколку моменти, а потоа продолжуваат по својот пат“, напиша тој.

„Некогашните зелени смарагд оризови полиња сега се гробишта за илјадници невини луѓе. Од 6.000 луѓе што живееле овде, илјада се мртви; третина од нив биле деца“.

„Трауматизираните деца се држат за своите родители додека зборувам со нив. Ни кажуваат дека има појава на шуга и дека децата страдаат од дијареа и респираторни инфекции. Од 15 училишта во малата област, 13 се целосно исчезнати. Повеќето од наставниците се мртви“, се вели во неговиот извештај.

Епицентарот на овој земјотрес бил на длабочина од 30 километри југоисточно од Индонезија, а по него многу земји развиле системи за предупредување од цунами.

Алјаска, 1964 година – магнитуда 9,2

Последица од земјотресот на Алјаска 1964.

Земјотресот во Алјаска од 1964 година е вториот најсилен земјотрес што некогаш бил регистриран со еден сеизмограф и е најсилниот земјотрес во запишаната историја на континентална Америка.

На 27 март животот го загубија „само“ 141 лице бидејќи, за среќа, удрил во претежно ненаселено место. Ударот траел повеќе од три минути и предизвикал огромни инфраструктурни штети.

Покрај самиот земјотрес, речиси веднаш се појавија и локални цунами и плимни бранови, па мештаните немаа време да побегнат на повисоките места. Масивен бран го погоди градот Ченега четири минути по престанувањето на потресите. Градот изгуби третина од населението.

Слична судбина доживеаја и градовите Кодијак, Витиер и Севард на Алјаска. Земјотресот го срамни со земјата пристанишниот град Валдез, а последователни потреси беа почувствувани неколку недели по главниот земјотрес – од кои некои беа со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.

Валдивија, 1960 година – магнитуда 9,5

Последици од земјотресот во Чиле во 1960 година.

Најсилниот земјотрес во историјата на човештвото е оној што го погоди Чиле во 1960 година. Тој бил со јачина од 9,5 степени според Рихтеровата скала, а бил одговорен за смртта на 1.655 лица, додека повеќе од две илјади луѓе се здобиле со физички повреди од ударот.

Цунамито што го предизвика ги погоди Хаваите, Нов Зеланд и југоисточна Австралија. Овој земјотрес во комбинација со цунами остави повеќе од два милиони луѓе без покрив над главата.

БОНУС ВИДЕО: