Не се лишуваат од задоволството да јадат калорична храна
Секако сите тие знаат дека сирењето е навистина калорично, но наместо да се лишат целосно од ова задоволство, го јадат само еднаш во денот. Истото важи и за благото и колачите. Проблемот со прекумерната тежина не е во дозволувањето да каснете неколку коцки чоколадо на ден, туку во способноста да се воздржите да го изедете целото чоколадо.
Знаат да направат рамнотежа во храната
Никогаш нема да видите Французин кој ќе изеде 3 калорични оброци во текот на еден ден. Клучната навика во нивниот начин на исхрана е одржувањето на правилна рамнотежа меѓу оброците.
Не сакаат храна која содржи премногу шеќер или сол
Тајната на француската кујна е да се додадат зачини но сепак да се задржи природниот вкус на храната. Токму затоа, многу малку од француските традиционални јадења содржат огромни количини на шеќер или сол.
Никогаш не ја заменуваат закуската за вечера
Секако дека е нормално да почувствувате глад меѓу ручекот и вечерата но сепак закуската не треба да биде таа која подоцна ќе ве натера да ја прескокнете вечерата. Нивната закуска најчесто се состои од природен јогурт без засладувачи. Па, нека не ве чуди што Французите се најголемите консументи на јогурт во Европа.
Масата секогаш треба да биде внимателно сервирана
Многу ретко можете да ги видите како јадат на пултот во кујната или во движење. Французите се хедонисти и уживаат во убаво поставена маса, јадејќи полека и без брзање. Јадењето полека е важно, бидејќи само така може да се ужива во различните вкусови на храната, додека со брзото јадење не ни чувствуваме што јадеме, па за кратко време повторно сакаме да каснеме уште нешто.
Продолжува на страна 3



















