10 правила за спас при земјотрес | Споделете со вашите пријатели

30112

Во Русија постојат неколку региони каде постои сеизмичка опасност.

Најмногу ова се однесува на Камчатка, каде правилата на однесување за време на земјотрес се задолжителен дел од животот.

„Руска реч на македонски“ состави список од 10 правила кон кои луѓето треба да се придржуваат, со цел навремено да се спасат од природна катаклизма и да се чувствуваат побезбедно.

1. Доколку природната несреќа ве најде дома, тогаш скријте се покрај некој крупен предмет, кој може да биде потпора за паднат таван, добро за ова е комода или висок креденец или, пак, нешто слично. Најважно е да не се криете под маса или под кревет, зашто таму сигурно ќе бидете згмечени.

2. Кога избирате место, обидете се да сте надвор од зоната каде можат да се разлетаат парчиња стакло или огледало, и да сте подалеку од надворешните ѕидови.

3. На местото кадешто сте се скриле лежете во поза на ембрион, на тој начин ќе заземете помалку место и нозете и рацете нема да бидат притиснати.

4. Руските спасувачи препорачуваат да се застане во празнините на носечките ѕидови. Странските специјалисти за безбедност, пак, категорично го забрануваат тоа. Тука постои една локална особеност – советските градежници ги граделе куќите врз база на носечките ѕидови и при земјотрес тие ретко се уривале. Сепак, доколку не ја познавате конструкцијата на вашиот дом, подобро да не експериментирате.

5. Избегнувајте ги скалите и скалишните простори. Скалите први се уриваат и паѓаат по затворена траекторија, уривајќи ги сите премини и сè што има на нив.

Продолжува на страна 2