Од машки агол | Дванаесет работи кои треба да ги очекуваме од секоја силна жена

1155

Да ја сакате е лесно, особено силна и независна жена. Следува што таа очекува… Овој текст го напиша маж за мажите, но многу жени велат дека Џејмс М. сам ги формулирал нивните очекувања подобро, отколку што тие самите би можеле тоа да го сторат…

Затоа и текстот е напишан во второ лице, како порака до машкиот дел од читателите на неговиот блог, чија вкупна бројка  е над 30 милиони.

Не очекувајте мед и млеко

Не би требало да се жалите поради проблемите, туку да седнете и да поразговарате за нив со жената, која ја сакате, бидејќи тоа е единствениот начин да остане покрај вас. Доколку постои нешто што ја мачи, таа тоа ќе го каже. Таа е жена која се носи со проблемите и ги решава, а истото го очекува и од вас.

Не очекувајте вашата врска да се темели на СМС пораки

Овие жени се одликуваат со вештина на вербална комуниакција, а СМС пораките не можат да ги изразат сите нијанси, секако неколку пораки во текот на денот, кои го одржуваат контактот се сосема во ред, но потрудете се допишувањето да го замените со комуникација очи во очи.

Не очекувајте дека ќе ја импресионираат вашите лудости

Се што се однесува на вашиот социјален живот задржете го за себе. Секој детинест обид да ја направите љубоморна, така што ќе објавувате на социјалните мрежи свои слики во друштво на други жени може само да предизвика контраефект. Силната жена никогаш не е љубоморна, бидејќи има доволно самодоверба и знае кој е, а кој не е вреден за нејзиното време. Доколку е подготвена да ви се посвети во целост, истото го очекува и од вас.

Продолжува на страна 2