Тајната на една мудра баба за среќен брак

3239

Си живееле еднаш една баба и еден дедо. По долг и среќен брачен живот веќе се во поодминати години.

Секогаш ги споделувале сите свои тајни и искуства, но постоело едно нешто што бабата уште од првиот ден кога стапиле во брак побарала од дедото да остане само нејзина тајна:никогаш да не ја отвори старата кутија од чевли која ја чува под креветот.

Дедото ја почитувал нејзината тајнаи никогаш не ни прашал што има во кутијата. Мислел дека во неа има некакви женски работи, за кои бабата се срамела да ги сподели со него.

Еден ден таа се разболела и ја однеле во болница. Нејзината состојба се влошила и побарала од дедото да ја донесе кутијата. Време е да се открие тајната.

Дедото ја послушал бабата. Отишол до дома, ја зел кутијата и ја донел. Кога ја отворила, видел дека во неа има само две плетени кукли и многу пари.

„Но, од каде сега ова?!“ – збунето ја прашал, гледајќи во еден куп пари пред себе.

„Пред да се земеме мојата баба ми ја кажа тајната за среќен брак. Се состои од само едно правило: никогаш не се расправај со својот маж. Секогаш кога ќе те налути, а ти си подготвена да расправаш со него, седни и сплети една кукла“.

Срцето на старецот затреперикога видел дека во кутијата имало само две кукли и му се чинело дека во текот на 50-годишниот заеднички животсамо двапати ја налутил. Со солзи во очите нежно ја гушнал и ја бакнал.

„А од каде излегоа сите овие пари?“ – праша зачудено.

„Ах, да…“, се насмевна бабата, „тоа се парите кои ги заработив од куклите што ги продадов…“.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.