10 единствени животни совети на најмудриот човек од истокот | Confucius

419

Ако ги следите советите на најголемиот мудрец на сите времиња од Истокот, вашиот свет ќе се промени на подобро. Прочитајте ги животните лекции кои ќе ви ги отворат очите.

Конфучие беше најголемиот филозоф од исток на сите времиња. Овој ценет кинески мислител кој живеел во 5от век пред нашата ера. Ги учел луѓето на правилата на општествените односи, правда и искреност. Уверувањата на мудрецот Конфучие ги истакнувале важноста на личната и општата моралност.

Прочитајте ги 10те моќни лекции на најмудриот човек од истокот, во кои е сумирана целата мудрост на светот и на животот:

1. Не е важно колку бавно одиш напред, важно е само да не запреш.

2. Никогаш не се дружи со човек кој не е подобар од тебе.

3. Кога ќе почувствуваш наплив на гнев, размисли за последиците.

4. Кога е очигледно дека не можеш да ја постигнеш целта, не ја менувај целта, туку прилагоди ги чекорите кои ги преземаш.

5. Ако мразиш некого, тоа значи дека тоа лице те поразило.

6. Супериорен човек секогаш бара во себе; малиот човек секогаш бара во другите.

7. Каде и да одиш, тргни со сето свое срце.

8. Пренеси го своето знаење само на оние луѓе кои бараат знаење откако сфатиле дека тие не знаат.

9. Ако се концентрираш на малите предности, ќе оневозможиш големите работи да се остварат.

10. Ако те плукат додека ти стојат зад грбот, тоа значи дека си пред нив.