Зошто сексот за смирување е скоро најдобриот

2446

S.M. West's review of Sacked

Дури и огромните проблеми се заборавени

Проблемите кои се однесуваат на партнерите и недоразбирањата меѓу нив често се избришани барем привремено од извонредниот секс за смирување. Многу пати проблемите од ваков род се одложуваат, бидејќи сексот е неодолив, а и ги насочува мислите во позитивна насока.

Гневот ќе ве направи вистински страстни

Гневот го зголемува адреналинот и тестостеронот. Ова му дава силен енергетски поттик, кој или ќе се трансформира во агресивно однесување, или ќе прерасне во огнена љубовна игра во која нема да можете да се наситите на движењата на другиот.

Границата помеѓу насилството и сексот е навистина тенка, па испреплетувањето е слично, забрзувањето на пулсот е слично, а желбата да се зграпчи другиот и да му се предизвика нешто – апсолутно еквивалентна.

Оргазмите се многу посилни

Нема како кај таков жесток секс завршетокот да не е вистински врв. Оргазмите по секс за смирување се меѓу најсилните, уште поинтензивни и уште подолги отколку кога и да е друг пат.