Земји кои најмногу се грижат за своите жители

2085

Шведска

Затворите во Шведска се наменети да ги рехабилитираат криминалците, а заради тоа, процентот на затвореници кои се враќаат назад во затворите е намален за 40%.

Данска

Лицата кои се отпуштени во Данска продолжуваат да земаат до 90% од платата која претходно ја имале, во наредните 104 недели.

Финска

Во Финска новопечеинте родители имаат голем број на бенефиции – заедно можат да земат 158 слободни денови, добиваат кутија со основни работи за грижа околу бебето, скратено работно време додека детето не наполни 2 години и бесплатен дневен центар за грижа на децата.

Канада

Канада е меѓу најсреќните земји во светот затоа што е во првите 10 земји во кои граѓаните имаат прилично големи приходи (дури и откако ќе се платат даноците), а се меѓу последните 10 земји во кои граѓаните работат прекувремено.