Ова е рецептот кој ќе ви помогне да го закрепнете својот организам, да го прочистите од наталожената масна, солена, зачинета и блага храна…
Потребно
- 2 шољи свеж кељ
- 2 шољи свеж спанаќ
- 1/3 краставица
- ½ јаболко
- парче свеж ѓумбир
- 1 замрзната банана
- 3 лажици семе од коноп
- сок од половина лимон
- 3 мали шолји вода
Подготовка
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека да добиете убав сок без парчиња. Од оваа количина ќе добиете 2 сока доволни за дневните потреби. За најдобри резултати испијте една чаша веднаш по будењето, а другата чаша пред ручекот. Постапката можете да ја повторувате секој ден.



















