“Заменете го Месото со Овие Опции и Намалете Го Ризикот од Срцев Удар”

255

Исхраната има прилично големо влијание врз здравјето на срцето, но и врз нивото на шеќер во крвта.

Било заклучено дека јадењето грст јаткасти плодови за појадок е подобро отколку јајце. Ако го замените јајцето со 25 до 28 грама јаткасти плодови, можете да го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести за 17 отсто, заклучиле истражувачите.

Научна рецензија, објавен во списанието BMC Medicine, покажа дека нема корист од замена на рибите и морските плодови со опции од растително потекло и дека нема докази дека замената на млечните производи може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести.

Замената на јајцата со јаткасти плодови или цели зрна, сепак, резултираше со помал ризик од развој на дијабетес тип 2.

Луѓето кои замениле 50 грама преработено месо со иста количина мешунки, како што се леќата, наутот и гравот, имале 23 отсто помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести или смрт од нив. Ризикот им бил за 27 отсто помал доколку јаделе од 28 до 50 грама јаткасти плодови наместо преработено месо.

Дополнително, заменувањето на преработеното месо, јајцата, сирењето, путерот или јогуртот со авокадо е поврзано со помал ризик од кардиоваскуларни болести. Но, авторите предупредуваат дека податоците се засноваат на резултатите од само една студија.

„Многу луѓе го започнуваат денот со јајце или преработено месо за појадок, но резултатите од оваа анализа покажуваат дека можеби е подобро оваа храна да се замени со храна од растително потекло. Исто така, постојат докази дека луѓето би можеле да имаат корист од замена на живината со растителна храна“, вели д-р Сабрина Шлезингер од Германскиот центар за истражување на дијабетес.

Резултатите покажуваат дека замената на путерот со маслиново масло може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања за четири отсто.

Најголемото намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести, од 36 отсто, може да се забележи кај луѓето кои заменуваат 50 грама преработено месо дневно со 30 грама цели зрна, сугерира анализата. Заменувајќи го црвеното или преработеното месо со јаткасти плодови, интегралните житарки го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2.

Најголемо намалување на шансите за рана смрт, од 21 отсто, е забележано кога преработеното месо било заменето со јаткасти плодови.