Експертите успеале да направат равенка која треба да открие колку долго секое животно треба да уринира.
Пред шест години, Ig Nobel награда која се доделува за научни трудови од комична природа и сомнителна цел, беше доделена за снимање животни кои уринираат во зоолошките градини. Тимот го измислил терминот „закон за мокрење“ кој покажал како животните со различна големина имаат различна динамика и времетраење на мокрењето, пишува IFLScience.
Нивните резултати покажале како кај животни со поголема тежина од три килограми, празнењето на мочниот меур трае приближно 21 секунда. Кај помалите животни, како што се стаорци, мокрењето може да се случи во дел од секунда. Студијата помогнала да се потврди дека времетраењето на мокрењето не е поврзано само со притисокот врз мочниот меур, туку е поврзано и со гравитацијата. Имено, кај помалите животни, времетраењето на мокрењето е ограничено од површинската напнатост на урината.
“Поголемите животни имаат подолги уретри, а со тоа и поголема гравитациона сила која го движи протокот, овозможувајќи им да го испразнат мочниот меур за приближно исто време. Уретрата е цевка која ја насочува урината надолу, со што се зголемува гравитационата сила што делува на урината и брзината со која урината се исфрла од телото. Така, уретрата е клучна за способноста за брзо празнење на мочниот меур“, се вели во студијата.
Индикатор за некои здравствени проблеми
Користејќи ги собраните податоци, експертите успеале да направат равенка која треба да открие колку долго секое животно треба да уринира. Отстапување од ова времетраење на мокрењето може да биде показател за болест на мочниот меур, инфекција или проблеми со простатата.
Урологот Nicole Eisenbrown објасни дека ова “правило од 21 секунда” може да биде корисно за следење на здравјето и навиките на луѓето. Значи, ако откриете дека уринирате значително подолго или пократко од 21 секунда, можеби ја задржувате урината премногу долго или недоволно.
Различните брзини на проток на урина можат да бидат показател за посериозни здравствени проблеми, но и помали. На пример, ако често уринирате, тоа може да биде симптом на камења во мочниот меур или циститис, додека продолженото мокрење и послабиот млаз може да укажуваат на проблеми со простатата.



















