Кога доживувањето на оргазам кај жените е во прашање, големината е навистина важна, тврдат истражувачите.
Големината на женскиот клиторис многу влијае врз неговата можност да доживее кулминација, заклучок е на новото истражување.
Новата студија се занимавала со жените кои имаат тешкотии во доживувањето на оргазам и беше откриено дека нивниот клиторис е помал и значително пооддалечен од вагината, пишува Daily Mail.
Истражувачите, со помош на магнетна резонанса, ја сликале карлицата на 30 жени кои имале во просек 32 години.
Десет жени изјавиле дека многу ретко, а некои дури и никогаш не успеваат да доживуваат кулминација и покрај напорот, додека другите имаат стандардни доживувања на кулминација за време на сексот.
“Иако соодветна сексуалната функција е комплексна, документирано е дека големината на клиторисот, како и локацијата можеби се најважни во сексуалната функција, а најмногу во постигнување на оргазам.”
Истражувачкиот тим, исто така, верува дека ова откритие ќе биде од голема помош за сите оние жени кои не можат да постигнат оргазам.
“Ова истражување може да помогне во идните стратегии за лекување на сексуалната дисфункција.”
Студијата се појавила во Журналот на сексуална медицина.
“Нема Г-точка. Постои К точка, а топ е клиторисот”, вели лидерот на студијата д-р Сузан Окли од Синсинати за LiveScience.
“Клиторисот е главен извор на големото сексуално задоволство за жените”, вели д-р Окли.
dailymail.co.uk/kukuriku.mk
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















