Еве неколку лекции за убав живот

1228

Франција е земја во која скоро секоја жена во нејзините 50-ти години изгледа убаво и елегантно.

Овие жени со леснотија носат здолништа над колена, не обрнувајќи внимание на нивната возраст и едноставно изгледаат и што е уште поважно, се чувствуваат одлично, дури и ако нивната појава, според конвенционалните стандарди, е далеку од тоа како изгледале некогаш. Тие не се плашат од стареење и се чувствуваат комотно со своите брчки.

Ви презентираме 10 лекции од книгата на Ребека Плантие – „Лекции од Франција: Храна, Фитнес, Семејство“. Дефинитивно има за што да размислите.

1. Активниот животен стил значи да останете активни и откако ќе остарите

Активноста и во поодминати години од животот е интегрален дел од француската култура и практично Французите не се откажуваат од ништо без разлика на возраста. Тие пешачат, искачуваат планини, веслаат кајак, играат тенис, трчаат, скијаат. Тоа не се должи на посветеност кон спортот, туку затоа што тоа е едноставно нивниот животен стил. Дури и кога одат на одмор, Французите преферираат места каде што ќе може да имаат „активен одмор“, а не само да лежат на сонцето.

2. Смислата за хумор е моќен антиоксиданс

Познатиот француски сарказам им помага на француските дами да не прават драма од својата возраст и стареењето. Ниту еден друг јазик нема толку шеги и досетки дека „животот почнува во 40-тите“ и дека вториот бран на животни страсти доаѓа дури на 50 години.

3. Добрата храна е религија

Сите знаат дека Французите се опседнати со храна, но поентата е дека тие преферираат да јадат во мали количини, и тоа само убава и исклучителна храна. Француските жени воопшто не сакаат големи и обилни оброци. Како што стареат, кога тоа го дозволуваат финансиските можности, се зголемува опсесијата на француските дами за добрата исхрана, па тие често јадат во ресторани и уживаат во малите порции, виното и доброто друштво повеќе од кога било претходно. Сето ова помага да ја задржат добрата форма и ретко постои голема разлика споредено со тежината која ја имале во своите 20-ти и 40-ти години.

4. Француските жени како што стареат си дозволуваат повеќе

Како што минуваат годините, нивните деца растат и бараат помалку внимание, па француските жени се чувствуваат слободни да си обрнат повеќе време себеси. Тие трошат повеќе пари за свои задоволства, одат на патувања без своите семејства и си купуваат поскапа облека. Француската жена на 40 години нема да чувствува каење ако купи нови чевли, наместо Xbox за нејзиниот син. Уште повеќе, таа ќе мисли дека тоа било правилна одлука. Ако сакаш Xbox, работи. Вообичаено, француските баби не ги чуваат своите внуци и повеќе никој не гледа на бабите како на бесплатни беби-ситерки.

5. Како што стареат, Французинките купуваат помалку облека, но она што го купуваат е поскапо

И поквалитетно. Дури и жените со просечни примања купуваат скапи и удобни нешта: кашмир, свила, добри чевли и барем една поскапа чанта. Сите овие нешта имаат огромна улога во нивниот елегантен стил.

Продолжува на страна 2