“Yes C+C Ден” на Центарот за управување со знаење

1053

На 09.12.2022 во просториите на Europe House беше одржан настанот “Yes C+C Ден” од страна на Центарот за управување со знаење.

Настанот беше одржан со цел да се промовираат резултатите од веќе завршените активности во рамките на проектот „YES C+C“ финансиран од страна на Еразмус + програмата.

Настанот го отворија Др. Андријана Б. Ѓуровиќ, директор на Центарот за управување со знаење и Др. Бехиџудин Шехаби, Државен советник за европски прашања и креативни индустрии.

Центарот за управување со знаење се чувствува особено почестен поради заинтересираноста и успешноста на веќе постигнатите резултати, како и за реализацијата на овој настан.