WATLY, машина која произведува чиста вода, струја и безжичен интернет

1343

Машината Watly, која ја креираше италијанско-шпанската истоимена стартап фирма, личи на футуристичка вселенска капсула, а всушност е креатор на чиста вода, електрична енергија и пристап на интернет.

Ватли има потенцијал да ги промени руралните предели на субсахарска Африка во која живеат над 625 милиони луѓе. Третина од нив немаат пристап до електрична енергија, а 39 отсто немаат пристап до чиста вода.

„Постои решение за луѓето кои немаат пристап до столбовите на цивилизацијата. Ние ги носиме луѓето кон 21 век!‟ – рече коосновачот на компанијата Watly, Марко Атисани.

Машината работи на принцип на собирање на соларна енергија која која потоа се конвертира во електрицитет содржан во батерија од 140 kwh. Батеријата покренува систем за прочистување на вода темелен на графен, а потоа водата се вари и дестилизира. Брзината на машината е производство на 5.000 литри чиста вода дневно.

Батеријата покренува и безжичен интернет во круг од 800 метри, како и станица за полнење на електрични уреди.

Потенцијалното 15 годишно користење на Watly би заштедило 5.000 барели нафта или околу 2.500 тони стакленички гасови.

Прототипот на Watly се тестира во руралниот предел на Гана, а план е да се прошири употребата на Нигерија и Судан. Исто така, во јули ќе биде прикажан конечниот дизајн на машина со должина од 40 метри и тежина од 15 тони.

„Имаме поддршка од големите корпорации, но моментално не можам да го откријам нивното име‟ – вели Атисани. Покрај поддршката на компаниите, стартапот доби поддршка од Европската унија, преку грунт од 1,4 милиони евра во програмата Horizon 2020.