
“Што направил/а што толку те повредил/а? Не сакам да ја повторам истата грешка”.
Некои рани од минатото не можат лесно да зараснат, а она што порано ве повредило го пренесувате и во новата врска/брак, сакале тоа вие или не.
Ако, на пример, сте биле во брак со лице кое ве напуштило преку ноќ, без објаснување, можно е да се плашите дека повторно ќе бидете оставени.
Тој страв и тие проблеми за да не ги влечете во новата брачна врска, на време објаснете му на партнерот дека ви е многу непријатно ако не одговори на порака или повик по неколку часа или ако сред расправија се сврти и замине. Тоа повикува лоши спомени, и не води кон ништо добро.
Помогнете си еден на друг да не се повторуваат старите трауми, разговарајте отворено за тоа. Тоа ќе ви донесе повеќе блискост и доверба.
“Од што ќе живееме?”
Парите не се валкан збор, иако многумина така мислат. Едноставно, ако влегувате во брак и имате одредени планови за тоа како сакате да живеете, сосема е нормално да разговарате со партнерот отворено за тоа како ќе ги финансирате сите овие заеднички планови. Оваа тема е уште и поважна ако имате дете од претходната брачна врска, за која другиот родител плаќа алиментација.
За многумина е непријатно да разговараат со партнерот за пари, но избегнувањето на таа тема подоцна може да создаде проблеми, па затоа е подобро на време да разговарате за се.
Прво разговор, па потоа брак
Пред да се венчате со некој, било да е тоа прв или десетти пат, од клучна важност е добро да се запознаете меѓу себе, пред да се обврзете на нешто. На некој начин, кога по втор пат влегувате во брак, некои работи се полесни, затоа што сте позрели, и се надеваме, сте научиле нешто од своите грешки.
Од друга страна, при повторното влегување во брак проблемот е во тоа што честопати со себе носиме и “багаж”, во вид на емоции, работи кои не повредиле, очекувањата …
Затоа, најдобро што можете да направите е, добро да се запознаете и да разговарате отворено за се, без задршка, за да избегнете повторно да бидете повредени или повторно да поминувате низ развод …
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















